8-ми Март во БАВАРИЈА

Магичната БАВАРИЈА

 

 

*Баварија

 

 

 

Минхен – Баварска “Метропола со душа”, еден од најубавите градови во Германија, културен и боемски центар, град со бројни историски споменици кои зборуваат за вековните Баварски владетели од династијата Вителсбах, многубројни ремек дела од модерната технологија и архитектура како што е и познатата Алианс – Арена. Светски центар на саеми, град на пивници и Октоберфест кои ги обврзуваат посетителите да ја почуствуваат типичната баварска атмосфера со свежо точено пиво и коленица.

Дворци во Баварија – На ексцентричниот баварски крал Лудвиг II му пошло од рака од осум века собраното државно и семејно богатство на династијата Вителсбах  да го потроши за краток временски период градејќи ги дворците од соништата: Ноешванштајн, Линдерхоф, Херенкимзе. Поради нивното градење кое ја доведе државата до банкрот, кралот е прогласен за непресметлив и бил затворен.

Парадоксално, овие дворци достојни за секоја бајка, денес, и покрај посетата на милион туристи сеуште го враќаат долгот на државата.

 

Салзбург – “Рим од северот”, седиште на моќната надбискупија и роден град на В.А. Моцарт, својата позиција на реката Салцах и единствената ренесансно – барокна архитектура ги оставаат посетителите без здив уште на прв поглед и затоа со причина се смета за еден од најубавите градови во Европа.

 

 


1 ден 07.03 СКОПЈЕ – САЛЗБУРГ

Состанок со групата на паркингот кај хотел ВИП во 13.30 ч. и поаѓање за Салзбург во 14:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден. 08.03 САЛЗБУРГ

Пристигнување во Салзбург во утринските часови. Разглед на градот, пешачка тура: Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од 8 век. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден. 09.03 МИНХЕН

Појадок. Напуштање на хотел и заминување за Минхен. Пристигнување во Минхен во претпладневните  часови. Разглед на градот: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен. Сместување во хотел. Во вечерните часови фалултативна посета на пивница. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден. 10.03 МИНХЕН – ЛИНДЕРХОФ – ОБЕРАМЕРГАУ – НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН

Појадок. После појадокот посета на живописното гратче Оберамергау, светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на пат на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II  за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II Iискажувајќи ја максимално својата екстравагантност потполно го има преуредено во рококо стил а своите соби ги позлатил нештедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови ….. Враќање во хотел.. Ноќевање.

5 ден. 11.03 МИНХЕН – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, попатна посетана на најголемото баварско езеро, Ким (Chiemsee). Возење со брод до “машкиот остров” – Херенкимзе. Во низата на раскошни палати изградени во времето на екстравагантниот крал, истоимениот дворец на овој остров кој е последен изграден во рококо стил, по модел на Версај. Поtoa посета на палатата и музејот Лудвиг II. Во попладневните часови заминување за Скопје.

6 ден. 12.03 СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во пладневните часови


 

Аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Салзбург
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Минхен
  • Професионален лиценциран пратител за време целото патување

Аранжманот не вклучува:

  • Задолжителна доплата од 50€  за влезница во дворците: Херекимзе, Ноешванштајн и Линдерхоф (со трошоците за резервација) и карта за брод Приен – Херекимзе – Приен
  • Разглед на Салзбург и Минхен со локален водич 10€
  • Патничко осигурување 5€

  Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Сара Травел и СКТМ    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

© Copyright 2017 by Sara Travel - All Rights Reserved