Да патуваме заедно во градот на два континенти

Истанбул за 8ми декември

 

Истанбул представува град на два континенти, со еднот дел се протега во Европа, а со другиот во Азија.Помеѓу нив се протека Босфор кој претставува мост помеѓу Црното и Мраморното море, така Истанбул е единствениот град на два континенти и две мориња.За убавините на Истанбул најзаслужен е римскиот цар Константин кој го изградил новиот Рим, престолнина на Источното Римско Царство и го нарекол Константинопол што во превод значи Константинов град. По распадот на Римското царство Константинопол станал престолнина на новата држава Византија со ново име-Цариград. Кога Турците го освојле градот тој го добил сегашното име-Истанбул што значи Во град.Името останало не променето како и  христијанската црква Аја Софија  која подоцна била претворена во џамија. Таа денес претставуванајзначаен музеј во историјата

Можете да ја видите и чамијата на Сулејман Величенствениот палатата Топкапи во која живеел тој и сите познати владетели. Во Истанбул се наоѓа најпознатата чаршија-Капали Чаршија. Во нејзина близина се наоѓа и пазарот за зачини (Египетскиот пазар) од каде можете да почувствувате најразлични мириси.Од врмето на царот Константин сочуван е и  големиот хиподром на кој се одржуваат познати трки на коњи.

 

ПРВ ДЕН- 06.12 (четврток)

Средба на групата на Дрводекор во 16:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 17:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН- 07.12(петок)

Планирано пристигнување околу 08-09 часот по турско време. Сместување во хотел и време за одмор во договор со водичот.  Доколку собите во хотелот не се средени од претходните патнци, агенцијата има право да ја реализира директно пешачката тура, а по враќање назад патниците се сместуваат во хотелските соби. Во овој случај патнциите ги оставаат куферите во хотел во просторија за багаж, одмараат од долгиот пат и продожуваат на пешачка тура.

Средба на групата со локалниот водич пред хотел и оттаму се упатува пеш кон Аја Софија, Топ Капи.

Пешачката тура е вклучен во цена, се реализира од Лалели џамијата, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподромот па се до Аја Софија. На пешачката тура патниците добиваат локален водич кој ќе ги запознае со градот. Од Аја Софија започнуваат факултативните излети.

 Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим.

Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.

– Посета на Топ Капи палатата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

– Шопинг тура во „Венеција Аутлет“. Аутлет кој се наоѓа во Истанбул каде што се наоѓаат ефтини производи од познати бреднови. Овде групата има шанса да се вози и во гондола низ каналите кои ги има овој шопинг центар. Патниците имаат позитивни искуства со овој трговски центар бидејќи се наоѓаат ефтина гардероба.

Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН- 08.12 (сабота)

По појадокот околу 09:30 часот групата се сретнува пред хотелот со локалниот водич.

 – Крстарење по Босфорот и разглед на Истанбул со водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

 – Посета на Долмабахче палатата – Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја

– Панорамски разглед на  европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа и Египетскиот пазар. Автобуска екскурзија со која се поминува крај Галата Сарај, преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.

Враќање во хотел, слободно време.

Слободно време  кога групата се чека пред хотел со лиценциран водич и се упатува на ноќен разглед на Истанбул. По панорамскиот разглед групата се упатува кон Saphire Seyir Terasi со 4D проекција,  Сафир беше една од станбените згради која долго време важеше за едно од највисоките објекти во Истанбул. На самиот врв на зградата се наоѓа отворена тераса од која се прават прекрасни фотографии. Воедно во внатрешноста на најгорниот спрат се наоѓа и 4D проекција која преку вирутелен хелихоптер патниците ги води низ цениот град, притоа приредувајќи им вистински адреналин. Пантиците во цената за ноќен Истанбул имаат вклучено влез во 4D кино и на терасата на Сафир. По завршување на Сафир, се посетува плоштадот Таксим на кој се наоѓа главната улица за ноќен живот. Познатата трамвајна линија и големиот број дискотеки и кафулиња.

ЧЕТВРТ ДЕН- 09.12 (недела)

По појадокот групата има слободно време за прошетка или посета на Капали чаршија.

Групата се  одјавува од хотелот и со куферите се упатуваме кон автобус од каде што се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат.

Водениот базен има површина од 8000 м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80 м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака. Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:30 – 17h по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови .

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *