CHRISTMAS MARKET

БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА

Во последниве неколку години, Букурешт доживува постојани промени, полека станувајќи еден од нај интересните градови во Европа. Празничната сезона ја означува со почеток на Божиќниот пазар кој во главниот град на Романија ги привлекува фармерите, трговците, уметниците од сите краеви на земјата кои со радост и гордост ги изложуваат своите традиционални производи. Вие може да започнете со греено вино и домашни колачи 🙂

Божиќниот пазар во Букурешт оваа година ќе трае од 1-27 декември. Неговите посетители ќе можат да уживаат во преку 100 преубаво украсени штандови. Тука може да се најде се, од преубави рачно изработени производи, греено вино, светкави Божиќни украси, до секаков вид на пецива, пити, сушени месни производи и други традиционални специјалитети. Ова е тура која го храни духот и телото, буквално 🙂

За најмладите е отворен светот на фантазијата со џуџиња и самовили, скоро како вистински Дедо Мраз, 15 метри високо Божиќно дрво, музички концерти, хорови во живо, лизгалиште, разни работилници и други забавни настани. А зошто и ние да не се препуштиме и да се потсетиме на убавото, безгрижно детство.

Очекувајте музички настани од сферата на Инди рок-от се до Романски традиционален фолклор. Ќе биде забавно нели?

06.12.2018 четврток Скопје – Букурешт 

Собир на групата кај Дрво декор на паркингот наспроти Хотел Холидеј Инн, во 17:30 часот. Поаѓање кон Романија во 18:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

07.12.2018 петок Букурешт

Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот.

Парламентот

Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело.

Плоштадот на Револуцијата

Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.

Calea Victoriei

Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.

Куртија Веке

Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.

Сместување во хотел. Слободно време за одмор.

Вечерна организација: Организирана прошетка со посета на Божиќниот пазар, со организиран превоз и придружник – (Факултатива – 5 евра)

Враќање во хотел. Ноќевање.

08.12.2018 сабота Пелеш и Брашов

ПојадокПо појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш и магичното гратче Брашов, кое за Божиќ е уште по бајковито.

Пелеш 

Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот.

Брашов

Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.

Слободно време за прошетка и уживање во божиќната атмосфера.

Враќање во хотелот во Букурешт.

Ноќевање.

09.12.2018 Букурешт – Скопје

Појадок и напуштање на собите. Се упатуваме во трговски центар каде што имаме слободно време за шопинг.

Поаѓање за Македонија во 14:00ч.

Очекувано пристигнување во Скопје, во раните утрински часови

Промо цена 99 до 17.11.2018

ЦЕНА на аранжманот 129

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на релација Скопје- Букурешт – Скопје
  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел Анди Букурешт 3***
  • Разглед на градот Букурешт со водич
  • Пратител и организација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна вечерна организација ( прошетка со пратител и превоз во Букурешт и посета на Christmas Market) – 5€
  • Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 35€ – студенти 30€
  • Патничко осигурување – 200 мкд.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *