24 МАЈ ВО ИСТАНБУЛ

- СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ -

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 79 ЕВРА (Со уплата до 25.04)
РЕДОВНА ЦЕНА: 89 ЕВРА

Поминете го продолжениот викенд за 24ти Мај во градот на два континенти. Овој празник нека остане испишан во вашите сеќавања како најдобар празник поминат во градот покрај Босфор. Она што нашата агенција ја прави поразлична од другите се спектакуларните дневни крстарења по Босфор. Предноста на ова патување е тоа што вие ја имате можност да уживате на брод кој плови по Босфор и да го доживеете Истанбул во едно поразлично светло. Почетната цена на аранжманот кој вклучува 2 ноќевања со појадок, превоз, водич, пешачка тура и посета на трговски ценар „Форум“ изнесува 79 евра.

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН –  24.05 (четврток)

Средба на групата на Дрводекор во 15:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН- 25.05 (петок)

Планирано пристигнување во Истанбул околу 08-09 часот по турско време. Сместување во хотел и време за одмор во договор со водичот.

Средба на групата со локалниот водич пред хотел и оттаму се упатува пеш кон Аја Софија, Топ Капи.

-10:30h- Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим.

Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.

12:30h- Посета на Топ Капи палатата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

-19:30h– Традиционална турска вечер во ресторан Гар. Целовечерна забава која трае околу 3 часа. Незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул ноќе. Вклучени 2 пијачки и храна.

Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН- 26.05 (сабота)

По појадокот околу 10 часот групата се сретнува пред хотелот со локалниот водич.

-10:30h – Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич. Автобуска екскурзија со која се поминува крај Галата Сарај, преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.

–14h – Крстарење по Босфорот и разглед на Истанбул со водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

-16h – Посета на Долмабахче палатата – Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

Враќање во хотел, слободно време.

Слободно време до 19:00h кога групата се чека пред хотел со лиценциран водич и се упатува на ноќен разглед на Истанбул. Светла и романтична тура со која се посетува булеварот Кенеди, мостот на Златниот рог, пиер лоти и уште некои од најубавите предели на европскиот дела на Истанбул. По панорамскиот разглед групата се упатува кон Saphire Seyir Terasi со 4D проекција,  Сафир е првата еколошка градба на Турција, која има две специјални стаклени школки кои природно можат да го земат надворешниот воздух преку отвори лоцирани на секои 3 спрата. Благодарение на овој систем, жителите не се погодени од негативните временски услови и надворешната урбана бучава, . Апсорпцијата на сончевите зраци и ултравиолетовите зраци се обезбедува со специјален заверен систем кој автоматски се контролира преку компјутер, во зависност од сезоната, ден и час. По завршувањето на Saphire Seyir се упатуваме према хотелот. Ноќевање

ЧЕТВРТ ДЕН- 27.05 (недела)

По појадокот групата има слободно време за прошетка или посета на Капали чаршија.

Во 11:30h се одјавува од хотелот и со куферите се упатуваме кон автобус од каде што се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака. Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:30 – 17h по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

НАПОМЕНУВАМЕ: Хотелот со три ѕвезди ќе биде одреден во зависност од големината на групата, но ќе биде во населбата Аксарај.

  • РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ Е 89 евра
  • Промо цена од 79 евра со уплата до 25.04

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • две ноќевања во хотел 3* во населбата Аксарај со вклучен појадок
  • автобуски превоз со високотуристички автобус
  • туристички придружник за време на целиот престој
  • туристички водич (локален) кој ќе ви го презентира Аксарај
  • Пешачка тура (прв ден) (Хотел- Капали Чаршија- Сината Џамија)
  • Посета на трговски ценар „Форум“

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • патничко осигурување (1 евро од ден) ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Доплата за сингл соба е 20 евра дополнително од аранжманот
  • Цените на факултативите

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

  1. Аја Софиа
  • Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки)- Цена 20 
  1. Топкапи Палата
  • Некогашната палата на султаните-Цена 20 
  1. Панорамски разглед на Истанбул-15€
  • Посета на европскиот и азискиот дел на Истанбул- Цена 15 €
  1. Крстарење по Босфор
  • 90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 
  1. Долмабахче
  • Турскиот Версај на султанит- Цена 25 
  1. Ноќен Истанбул
  • Панорамски разглед на градот со автобус
  • Посета на Saphire Seyir Terasi со 4D проекција
  • Таксим

Цена 25 

  1. Аквариум Туркуазу
  • Најголемиот аквариум во Европа- Цена 15 
  • Ресторан Гар (2 пијачки и мезе)- 30 евра
  1. Пакет 1
  • Панорама европски азиски Истанбул
  • Крстарење по Босфорот
  • Долмабахче
  • Ноќен Истанбул- Цена на пакет 75€
  • Посета на плоштадот Таксим
  1. ВИП пакет
  • Сите тури- Цена 120€

За што и да се одлучите нема да погрешите.

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Сара Травел и СКТМ

 

© Copyright 2017 by Sara Travel - All Rights Reserved