ДЕСТИНАЦИИ

ПРЕБАРУВАЈ

Идеалниот аранжман за вас

ЗА НАС

Нешто повеќе за сара травел

КОНТАКТ

Контактирајте не во секое време

Лето 2015

Најдобрите понуди

SAMSUNG DIGITAL CAMERA

70€

По лице

Прекрасната вила Панос се наоѓа на 200 метри од плажата во центарот на Ханиоти. Вилата ...

halkidiki-polihrono-vila-dimis-1

60€

По лице

Вилата се наоѓа на 80 метри од плажата, во мирниот дел на Полихроно. Вилата располага ...

tasos Aloe1

110€

По лице

Тасос е најсеверниот остров во Егејскиот архипелаг, кој поради својата раскошна убавина и бујна вегетација

jeny 2

129€

По лице

Хотелот Џени е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири...

8-ми Март

Најдобрите понуди

Прага

4ти Март - 9ти Март

6

DAYS

ПрагаНезаборавно доживување со Сара Травел ...

СОНЦЕ 15 C°

129€

    1 ден 04.03.2015 СКОПЈЕ –ПРАГА Состанок со групата во 13:00ч. на паркингот пред хотел ВИП и поаѓање за Прага, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

    2 ден 05.03.2015 ПРАГА Пристигнување во Прага околу 13:00ч. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативно можност за крстарење по реката В’лтава или слободна вечер за индивидуални активности, прошетки, шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

    3 ден 06.03.2015 ПРАГА Појадок. После појадокот, разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито….Слободно попладне и факултативна можност за крстарење по реката Влтава. Враќање во хотел во договорено време. Вечерта факултативна можност запосета на традиционален чешки ресторан. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

    4 ден 07.03.2015 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Враќање во хотел.Ноќевање.

    5 ден 08.03.2015 ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Поаѓање за Скопје во 18:00. Попладневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

    6 ден 09.03.2015 СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Југословенска Ривиера

5ти Март - 8ми Март

4

DAYS

Југословенска РивиераНезаборавно доживување со Сара Травел ...

Сонце 15 C°

118 €

    Четврток 05.03.2015 Состанок на групата на групата на паркингот наспроти хотел Холидеј Инн на полноќ Поаѓање за Неум ДЕН 1 Петок 06.03.2015 Скопје – Неум – Дубровник Пристигнување во Неум во утринските часови околу 08:30ч. Сместување во Хотел.На самиот југ од Хрватска, на ‘ртот од далматинскиот брег е распослан единствениот по својата убавина – идиличниот град, Дубровник. „Оние кои го бараат рајот на земјата, треба да го видат Дубровник“, напишал ирскиот писател Џорџ Бернард Шо, импресиониран од стариот град кој се издигнува над морските бранови на Јадранот како бисер заштитен од камените ѕидини, а зад нив ризница од архитектонско и уметничко богатство, љубоморно чувано со векови. Ваквиот опис мами туристи од целиот свет и ги носи на патување низ историјата на градот кој е своевиден музеј на споменици и културно наследство. Секогаш сончевиот Дубровник ќе не пречека во своите прегратки на медитеранска клима со мирисот на ароматични билки и цветови, а ќе ни го одземе здивот со спектакуларни панорамски глетки на ривиерата. Првата средба со градот е на местото на поранешната тврдина Пила каде сега стои портата Пила, преку која влегуваме во стариот град од неговата западна страна. На почетокот од нашата тура се сретнуваме со Фрањевачкиот Манастир, од редот на „Мали браќа“ . Манастирот порано се наоѓал во предградието Пила но поради воените закани го срушиле и иградиле нов во внатрешноста на градот заштитен до ѕидините на неосвоиливатa Минчета. Освен музејот и црквата сместени во овој манастир ќе ја видиме и црквата св. Спас , изградена 1520год. во знак на благодарност за спас од земојотресот истата година. До ден денешен стои со својот изворен декор и фасадата која е уште еден бисер на дубровничкото ренесансно градежништво. По пат ќе ги видимe Големата и Малата Онофријева фонтана, изградена од Онофрио дела Кава, некогаш раскошна фонтана со богат декор денес нажалост ја има изгубено својата функционалност заради големата штета од земјотресот. Била подигната во спомен на ново завршениот водовод, со кој градот добил изворска питка вода на две места – големата и малата онофријева чешма. Малата пак, се наоѓа пред зградата на главната стража, изградена во готски стил. Сите трговски патишта во Дубровник се слевале и течеле низ една од најубавите палати во градот, Палатата Спонза. Архитектурен микс од ренесанса и доцна готика, со разиграна убавина од разни стилови, хармонично соединети ѕидовите на оваа палата изгледаат како чипка во камен. Тивка и достоинствена во неа ја чува најдрагоцената историска документација, архивата од најраната историја на Дубровник до ден денес. Наредното што ќе го видиме се Кнежевата палата, градската камбана, Палатата на советот, Орландовиот столб, споменик на војник во оклоп кој ја симболизира слободата ,а за неговото настанување е врзана легендата за средновековниот јунак Орландо , кој помогнал да се ослободи градот од напад на арапски гусари во 8от век. Катедрала на успението на Марија повторно не носи на ново патешествие низ времето со својата приказна, односно легендата за нејзиното настанување. Старата базилика се вбројувала во една од најбогатите и најубавите цркви во Европа, градена повеќе од еден век. Ќе ги посетиме и старото пристаниште и Лазарети- импресивен комплекс на згради/дворани кои служеле за здравствена заштита, односно карантин за секој што доаѓал преку море од краеви познати по заразни болести.После овој прекрасен разглед со локален водич имаме слободно време за индивидуална прошетка, шопинг или ручек на Страдун – плоштад во стариот дел на градот каде се сместени сите популарни кафулиња, ресторани и продавници.Препорачуваме посета на градските ѕидини од каде кратко возење со гондола ве носи до врвот на ридот Срџ, познат по најубавата панорамска глетка на ривиерата. 19:00 Враќање во Неум. 22:00 – Прошетка низ Неум и посета на локално кафуле – Коктелот го краси крајот!:)Ноќевање. ДЕН 2 Сабота 07.03.2015 Неум – Мостар Неум е крајбрежен град во Босна, единствениот кој излегува на Јадранското море и ја дели Хрватска на два дела. Стрмни зелени ридови, бели песочни плажи и сино море во недоглед и сето тоа ја создава идиличната атмосфера за првото утринско кафе. По појадокот, тргнуваме во поход по нова авантура оставајќи ја глетката да го дочека зајдисонцето и нашето враќање.. Во земјата со форма на срце, скриената убавина е збрана во Мостар, комбинација од природни убавини, архитектура и историско наследство се дел од неговата приказна. Овој град бил под силно влијание на Отоманската империја и на Австроунгарската империја. Тоа е отсликано и во различни згради, во различни архитектонски стилови што се задржани и до денес. Мостар е еден од уништените градови за време на војните во почетокот на 90-тите и таа негова темна страна сеуште се чувствува како контраст на природната егзотична убавина. Стариот мост е симбол на Мостар и е меѓу најпопуларните знаменитости. Изграден е во 1566г. во Отомански стил и поминува над реката Неретва која тече низ Мостар. Стариот мост е дел од Светското наследство на УНЕСКО и е тесно поврзан со приказната за името на градот, односно со чуварите на мостот. Во непосредна близина се наоѓа Музеј на стариот мост во кој може да се видат различни експонати поврзани со историјата на мостот. Покрај тоа, дел од изложеноста е специјално видео за реставрација на симболот на Мостар. Ќе ги посетиме и Куќата Муслибегович, историска куќа, изградена во Отомански стил пред повеќе од 300 години. Има посебна музејска изложеност, која раскажува за животот на локалното население и секако има неверојатна архитектура. Дворот е поплочен со камчиња декорирани во кругови кои на број се толку колку што треба пати дневно да се моли добриот муслиман;ќе ја видиме и Караѓозбеговата џамија, изградена во XVI век сместена во стариот дел на градот, таа е најстарата и најубава џамија во Босна; Фрањевачка црква со највисоката камбана во Босна, Бишчевица сокак каде се наоѓа и познатата Бишчевица куќа, од Османлискиот период; Шпанскиот плоштад сместен во средиштето на градскиот плоштад каде се наоѓаат Хрватскиот народен театар и гимназијата Мостар – една од најубавите градби од Австро- унгарскиот период. Слободно време за прошетка низ Баш Чаршија. 17:00 Поаѓање за Неум и подготовка за вечерната прослава за празникот на жената. Факултативна прослава на 8ми март една вечер порано . Оваа вечер ќе можете да уживате во прекрасната храна и музика и ве очекува едно прекрасно изненадување за кое таму ќе дознаете. Ноќевање ДЕН 3 Недела 08.03.2015 Неум – Будва – Скопје По појадокот го започнуваме патот кон дома, но до дома не чека уште една возбудлива станица. Будва – Често нарекувана „црногорското Мајами“, една од најпопуларните летни дестинации, со познат ноќен живот, огромно културно наследство и прекрасни плажи. Домаќините ќе ја опишат како убавина од која не се заситуваш, таа е мистична и недопирлива, те одмара, мами и заведува. Оваа романтика ќе ја доживееме преку заедничка прошетка на малиот но автентичен стар град, кој е главната атракција во Будва. Комплексот опкружен со древните бедеми ја чува приморската Цитадела од 15от век, подигната врз рушевините на ѕидините од претходните векови. Во денешно време позната како летната сцена на фамозниот град театар. Тука се наоѓаат и црквата св. Иван – монументална тробродна базилика од 7ми век и секако најстарата градба, црквата св. Марија и Пунта од 840г. Ако прв пат го посетувате стариот град, може да се почувствувате како во лавиринт, поради заплетените улички, плоштади и бедеми. Во приземјата на староградските куќи сега се наоѓаат галерии, бутици и кафулиња. Слободно време за индивидуална прошетка и шопинг.Собир на групата на договорено место и продолжување со патот кон Скопје.