ДЕСТИНАЦИИ

БУКИРАЈ

Зима 2014/2015

Најдобрите понуди

62€

Соба на ден

Хотелот се наоѓа на 1 км од центарот на градот и 200 м од ски лифтот. Се состои од 2 блокови 4 спрата 4 лифтови, 94 соби...

21€

Соба на ден

Хотелот се наоѓа на 300м од центарот и 1.3 км од ски лифтот. Се состои од 4 спрата 1 лифт 73 соби ...

25€

Соба на ден

Хотелот се наоѓа во срцето на Банско, во самиот центар и на 800м од ски лифтот.Собите се опремени со два одделни ...

279 €

7 – ноќевања

Луксузниот Хотел со 5 ѕвезди “LUCKY BANSKO “ нуди пространи и удобно опремени соби со Wi-Fi. Хотелот нуди домашна и ...

Нова Година 2015

Најдобрите понуди

Прага

29ти ДЕК - 3ти ЈАН

6

DAYS

ПрагаНезаборавно новогодишно доживување со Сара Травел ...

СНЕГ 5 C°

189€

    1 ден 29.12.2014 СКОПЈЕ

    Состанок со групата во 14:30 ч. на паркингот пред хотел „ВИП“ и поаѓање за Прага, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

    2 ден 30.12.2014 ПРАГА

    Пристигнување во Прага во попладневните часови (околу 13 часот). Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности, прошетки, шопинг, факултативна можност за крстарење по реката Влтава. Можност за посета на традиционален чешки ресторан. Враќање во хотел. Ноќевање.

    3 ден 31.12.2014 ПРАГА

    Појадок. После појадокот, разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kарло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица…Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта дочек на Нова Година 2015 на плоштад.Ноќевање.

    4 ден 01.01.2015 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

    Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Враќање во хотел. Вечерта можност за посета на дискотека. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

    5 ден 02.01.2015 ПРАГА – СКОПЈЕ

    Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена. Попатна посета на Виена, разглед на градот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Потоа слободно време за индивудална прошетка. Поаѓање за Скопје во попладневните часови и ноќно возење преку Унгарија и Србија со попатни паузи и пауза за пасошка и царинска контрола .

    6 ден 03.01.2015 СКОПЈЕ

    Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Минхен

29ти ДЕК - 3ти ЈАН

6

DAYS

МинхенНезаборавно новогодишно доживување со Сара Травел ...

Снег 5 C°

240 €

    1 ден 29.12.14 СКОПЈЕ

    Состанок со групата на паркингот кај хотел „ВИП“ и поаѓање за Салзбург во 14:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

    2 ден.30.12.2014 САЛЗБУРГ

    Пристигање во Салзбург во утринските часови. Разглед на градот, пешачка тура: Дворец Мирабел и градината, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, Глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстарата кафана во Европа од 8 век. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

    3 ден. 31.12.2014 Херенкимзе-МИНХЕН

    Појадок. Напуштање на хотел и заминување за Минхен. Попатна посета на на најголемото баварско езеро, Ким (Chiemsee). Возење со брод до “машкиот остров” – Херенкимзе. Во низата на раскошни палати изградени во времето на екстравагантниот крал, истоимениот дворец на овој остров кој е последен изграден во рококо стил, по модел на Версај. После посетата на палатата и музејот Лудвиг II, се продолжува патувањето кон Минхен. Пристигнување во Минхен во попладневните часови. Разглед на градот: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Сместување во хотел. Во вечерните часови дочек на Нова Година 2015 на плоштад во центарот на Минхен. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

    4 ден. 01.01.2015 МИНХЕН – ЛИНДЕРХОФ – ОБЕРАМЕРГАУ – НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН

    Појадок. После појадокот посета на живописното гратче Оберамергау, светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на пат на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност потполно го има преуредено во рококо стил а своите соби ги позлатил нештедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови… Враќање во хотел. Во вечерните часови фалултативна посета на пивница. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

    5 ден. 02.01.2015 МИНХЕН – СКОПЈЕ

    Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, слободно време за индивидуални активности. Во пладневните часови заминување за Скопје.

    6 ден. 03.01.2015 СКОПЈЕ

    Пристигање во Скопје во пладневните часови.

Следете не:

 

fb