8ми Март во Истанбул

ПРОСЛАВЕТЕ ГО 8-МИ МАРТ КАКО ШТО ВИ ДОЛИКУВА!

(од 07.03-10.03)
ПРОМО ЦЕНА: 71 ЕВРА- уплата до: 25.01
РЕДОВНА ЦЕНА: 85 ЕВРА 

ПРВ ДЕН – 07.03 (Четврток)
Средба на групата на Дрводекор во 16:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 17:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН- 08.03 (Петок)
Планирано пристигнување во раните утрински часови. Во хотел се оставаат куферите (просторија за багаж), патниците одмараат од долгиот пат. По одредената пауза, започнува реализација на програмата која што е предвидена.

  • 10:00h: Првиот ден е предвидено да започне со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
  • 11:30h – Посета на Долмабахче – Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја
  • 13:30h – Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Автобуска екскурзија со која се поминува крај Галата Сарај, преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот. Враќање во хотел, слободно време. Слободно време до 18:30h кога групата се чека пред хотел со лиценциран водич и се упатува кон ноќното крстарење со специјална турска програма.
  • .19:30h – Ноќно крстарење за вљубените по „Босфор“ со традиционална турска програма.

Групата се враќа назад кон хотелот околу 23:00 часот.

ТРЕТ ДЕН- 09.03 (сабота)
Третиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментото на хотелот, а тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. По појадокот, групата заминува на пешачка тура која се реализира од џамијата во Лалели, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподоромот до „Аја Софија“. Влегувањето во „Аја Софија“ се доплаќа и влегува во факултативни влезници.

  • 09:30h– Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.
  • 11:30h– Посета на Топ Капи палатата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

По завршувањето со посета на „Топ Капи“ групата се враќа назад во хотел и има слободно време за ручек. Во 17:00h започнува реализација на ново додадената факултатива која преставува вистинско ноќно доживување на Истанбул.

  • 17:00h– Посета на Emaar Square Mall, Watergarden и Плоштадот „Таксим“. (НОВО)
    Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето вљубени во шопингот, забавата и гастрономијата, кое нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници кои што се за првпат достапни во Турција, а одговараат на сечија потреба од современиот урбан млад свет. Гостите може да го користат своето пристуство од шопинг, јадење, пиење до забава. Овој трговски годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости.
    Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено доколку го посетувате навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Со овој трговски ценар, Истанбул е рамо до рамо со луксузните центри во Дубаи. Доколку сакате да гледате како изгледа тоа, можете да погледнете со еден клик ОВДЕ!
    Ноќната тура се завршува со посета на плоштадот „Таксим“. се посетува плоштадотТаксим на кој се наоѓа главната улица „Истиклал“ која е симбол за ноќен живот. Овде се наоѓа познатата трамвајна линија и големиот број дискотеки и кафулиња.

Ноќниот разглед завршува на полноќ кога групата се враќа во хотелот.

ЧЕТВРТ ДЕН- 10.03 (недела)
Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. Одјавувањето на рецепција е во 09:30, кога заедно со куферите групата се упатува кон автобусот. Пред да се напушти градот, патниците имаат шанса да ја посетат една од највисоките станбени згради во европскиот дел на градот. Зградата „Сафир“, како и аквариумот „Туркуазу“.

  • 09:30h– Посета на фабриката на слатки задоволства „Коска“. Пред посетата на „Сафир“, агенцијата им нуди можност на сите патници бесплатно да ја посетат познатата турска фабрика на благи производи „Коска“. Во фабриката се задржуваме околу еден час. За време на посетата, се нуди можност за купување на секакви слатки луда по цени коишто се поевтини од пазарните цени. Специфичноста на турското благо заслужува да биде подарено на домашните и на пријателите.
  • 10:45h– По фабриката „Коска„ следно во програмата е кулата „Saphire Seyir Terasi“ со 4D проекција,  Сафир важи за една од највисоките станбени згради. На самиот врв на зградата се наоѓа отворена тераса од која се прават прекрасни фотографии. Воедно во внатрешноста на најгорниот спрат се наоѓа и 4D проекција која преку вирутелен хелихоптер патниците ги води низ цениот град, притоа приредувајќи им вистински адреналин. Патниците коишто нема да се одлучат за 4D проекцијата и искачување на највисокиот спрат од зградата, остануваат на приземјето каде што има продавници за шопинг.
  • 13:00h– Последна дестинација е трговскиот ценар „Форум“ каде се наоѓа петиот по големина аквариум во Европа. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиониевра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
  • По завршување со посетата на трговскиот центар „Форум“ групата се упатува кон Македонија. Тргнувањето од Истанбул е во договор со водичот. Предвидено е престигнување во Македонија во раните утрински часови на 11.03. (понеделник)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • две ноќевања во хотел 3* во населбата Аксарај со вклучен појадок
  • автобуски превоз со високотуристички автобус
  • туристички придружник за време на целиот престој
  • туристички водич (локален) кој ќе ви го презентира Аксарај
  • Пешачка тура (прв ден) (Хотел- Капали Чаршија- Сината Џамија)
  • Посета на трговски ценар „Форум“

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • патничко осигурување (1 евро од ден) ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Доплата за сингл соба е 30 евра дополнително од аранжманот

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

  • Аја Софиа
    Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки)- Цена 15 
  • Топкапи Палата
    Некогашната палата на султаните-Цена 15 
  • Панорамски разглед на Истанбул
    Посета на европскиот и азискиот дел на Истанбул- Цена 15 €
  • Аквариум “Туркуазу” – 12 €
  • 4D проекција и тераса „Сафир“ – 12 €
  • Ноќна програма „Забава по повод 8-ми Март“- Цена која ќе биде достапна за секоја дама
  • 5.Крстарење по Босфор
    90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 
  • Долмабахче
    Турскиот Версај на султанит- Цена 20 €
  • Ноќен Истанбул- Цена 25 €
    Ценар: Emaar Square Mall
    Ценар: Watergarden
    Плоштад Таксим
  • Пакет 1- 70 € (Намалување од 79€)
    Крстарење по Босфор
    Долмабахче
    Дневна панорама до Чамлиџа
    4D проекција и тераса „Сафир“
    Аквариум „Туркуазу“
  • ВИП пакет- Цена: 122€ (Намалување од 134€)
    Сите тури (без ноќно крстарење со трационална програма

8ми Март во Романија

Романија — земја во југоисточна Европа. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Главниот град на Романија е Букурешт.Членка е на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија. Полноправен член е од 1 јануари 2007, заедно со Бугарија.
Романија се смета за латински остров во океанот од Словени. Името на оваа земја потекнува од името на градот Рим (Рома), или од името на Источното римско царство
Името Романија доаѓа од романскиот збор роман (român) кој пак потекнува од латинскиот назив Romanus. Во 16 век повеќе автори нагласиле дека населението се нарекува како „романи“.
Првиот документ напишан на романски јазик било писмото Неакшу каде за прв пат во пишана форма се употребува зборот „романски“.

БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА

  1. Осмомартовско лудило во Романија

FIRST MINUTE 89  до 15.01.2019

Цена на аранжманот 129  

 

07.03.2019 четврток Скопје – Букурешт 

Собир на групата кај Дрво декор на паркингот наспроти Хотел Холидеј Инн. Поаѓање кон Романија во 19 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

Ден 2

08.03.2019 петок- Букурешт

Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот.

Парламентот

Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело.

Плоштадот на Револуцијата

Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.

Calea Victoriei

Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.

Куртија Веке

Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.

Сместување во хотел. Слободно време за одмор.

Вечерна организација: Организирана прошетка низ стариот дел на градот, со организиран превоз и придружник – (Факултатива – 5 евра)

Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3

09.03.2019 сабота Пелеш, Бран и Брашов

Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.

Пелеш

Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот.

БРАН “домот на Дракула”

Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

Брашов

Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.

Враќање во хотелот во Букурешт.

Ноќевање.

                                    Ден 4

10.03.2019 Букурешт – Скопје

Појадок и напуштање на собите. Се упатуваме во трговскиот центар  AFI Cotroceni каде што имаме слободно време за шопинг.

Поаѓање за Македонија во 14:00ч.

Очекувано пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на релација Скопје- Букурешт – Скопје
  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел
  • Разглед на градот Букурешт со водич
  • Пратител и организација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна вечерна организација (прошетка низ стариот дел на градот, со организиран превоз и придружник) – 5€
  • Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула( Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни 40 леи за студенти 25 леи)  и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 35€ – студенти 30€
  • Патничко осигурување – 200 мкд.