ЛЕТО НА КЕФАЛОНИЈА 2019

ЛЕТО НА КЕФАЛОНИЈА 2019

KEFALONIA SAGA vol.2

 

Кефалонија е најголемиот Јонски остров, сместен јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести, но има и песочни плажи. Тоа што најмногу ќе ве воодушеви на овој остров е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејзажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе ве натера повторно да го посетите.

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

 

Дали знаете?

  • Национален танц на жителите на Кефалонија е познатиот “balos” – танц на орли, кој со слична кореографија може да се види кај жителите на Киргистан.
  • Кефалонија најчесто се поврзува со книгата и филмот “Мандолината на Капетанот Корели”. Филмот е снимен на островот во 2001 година, а главни актери биле Николас Кејџ и Пенелопе Круз.
  • Се зборува дека и Момо Капор има летувано на овој остров.

Едно од географските чуда на Кефалонија е езерото Мелисани, кое според легендите името го добило по нимфата Мелисани, која се удавила во истото поради невозвратената љубов од богот Пан.

 

Програма:

 

Ден 1

 

Плажа Миртос

Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада.

Овој ден продолжуваме и на плажа Макрос Гиалос, во beach bar Costa Costa, каде што ќе можете да уживате со музика, релаксација на плажа или водни спортови.

 

Ден 2

 

Плажа Антисамос

Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна.

 

Ден 3

 

Плажа Скала

Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака  🙂

 

Ден 4

 

Крстарење до Островот Закинтос

Да се посети уште еден остров за време на вашето патување, ова е прекрасна можност. Овој прекрасен ден ќе ја посетиме прекрасната плажа Навагио. А истовремено ќе ги видиме Сините пештери и местото Агиос Николаос, каде што ќе имаме слободно време за кафе или ручек.

Овој остров ќе ве воодушеви со прекрасното тиркизно море.

 

Ден 5

 

Главниот град на Кефалонија – Аргостоли

Аристоли е главниот град на Кефалонија и е сместен на едниот крај од  заливот, а со другата страна на заливот е поврзан со преубавиот камен мост кој е заштитен знак на Островот.

Овој мост е еднинствениот кој го преживеал земјотресот од 1953 година кога цел град бил срамнет со земја.

Во овој град ќе можете да  посетите некој од поголемиот број на кафичи, ресторани, таверни, сувенирници и да прошетате по преубаво уреденото шеталиште покрај самото море, кое е исто така заштитен знак на овој преубав град.

 

Ден 6

 

Етно Тура

Овој ден го поминуваме во посета на културни дестинации на Кефалонија.

На источниот брег на Кефалонија, во близина на градот се наоѓа и неверојатната пештера Мелисани и истоименото живописно подземно езеро.

Ова место со право се смета за едно од најубавите природни знаменитости на Грција. Да ја посетите Кефалонија а да не го посетите ова чудо на природата е навистина жално.

Од овде одиме да го посетиме манастирот свети Герасимос- чудотворецот и заштитникот на овој остров.

Потоа винаријата Робола, каде што ќе може да дегустирате од ова прекрасно вино. И од овде го завршуваме денот повторно на плажа Макрос Гиалос.

 

Ден 7

Вечерен излет во Скала

Скала е место што веќе преку ден ќе го посетиме, но истото сосем различно изгледа навечер. Ова е најгостопримливото место во близина на Порос кое е гнездо на најромантични ресторани со најголем избор на грчка традиционална кујна и медитерански специјалитети. Идеален излет за сите гурмани и романтичари.

 

 

Датум на поаѓање
Почеток на аранжманот
Крај на аранжманот
1/6
1/5
1/4
1/3
1/2
07.07.2019
08.07.2019
17.07.2019
/
/
/
 279€ 
 299€ 
16.07.2019
17.07.2019
26.07.2019
289€
289€
299€
309€
329€
25.07.2019
26.07.2019
04.08.2019
289€
289€
299€
309€
329€
03.08.2019
04.08.2019
13.08.2019
289€
289€
299€
309€
329€
12.08.2019
13.08.2019
22.08.2019
279€
279€
289€
299€
319€
21.08.2019
22.08.2019
31.08.2019
 269€ 
 269€ 
 279€ 
 289€ 
  309€ 

 

ВИЛА КИКИ

Вила Кики располага со двокреветни студиа и четирикреветни апартмани. Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса. Вилата се наоѓа на 200 метри од центарот на градот, 20 метри од морето и 250 метри од градската плажа.

 

 

ВИЛА АЛЕКОС

Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни студија и еден петокреветен апартман.
Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса.Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа.

    

 

ВИЛА АСТИР

Вила Астир располага со двокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место), кујна и тераса.

Се наоѓа на 100 метри од центарот на градот и на 10 метри од море.

 

 

ХОТЕЛ МИХАЕЛА

Хотел Михаела располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место) мини фрижидер и Wi – Fi.

Се наоѓа на 600 метри од центарот на градот и на 250 метри од плажа.

 

Чудесните плажи на Кефалонија

Најубавот што може да го понуди Кефалонија, се секако нејзините плажи. На најубавите од сите ќе поминеме дури 4 дена. Ќе ги посетиме вистинските бисери на Кефалонија: Myrthos, Antisamos, Skala.

На плажите нема само да уживаме на песокот и да се бањаме во кристално чистото море, туку ќе учествуваме во разни спортски натпревари, спортови на вода и игри без граница. Понесете си пешкир и забавата може да почне.

Крстарење до Закинтос

Ова ќе биде незаборавна авантура, следува целодневно крстарење до Закинтос, со посета на Blue Caves, местото Агиос Николаос и прекрасната плажа Навагио.

 

 

Цената на аранжманот вклучува:
  • Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос по лице
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

 

Цената на аранжманот не вклучува:
  • Факултативни излети
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко и здравствено осигурување

 

 

Напомена:
  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената не се намалува .
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.
  • Доколку тргнувате од друг град, а не Скопје, може да се информирате на 02 3222-550

 

Тргнувањето од Скопје – состанок на група во 17:30 часот, тргнување 18:00 часот.

Напуштање на собите е во 10:00 часот.

Тргнувањето од Кефалонија/Порос  е предвидено во попладневните часови.

Користење само на превоз е 99 евра.

 

 

           

 

ЛЕТО НА КРФ 2019 – CORFU SAGA vol.6

ЛЕТО НА КРФ 2019 – CORFU SAGA 

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување. Oстровот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и на локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф. Ве очекуваме.

 

Термин Редовна цена   Попуст до 31.01
01.06 – 08.06.2019 119 eвра 59 евра ПРОМО РАСПРОДАДЕНО
08.06 – 15.06.2019 119 евра 69 eвра ПРОМО РАСПРОДАДЕНО
15.06 – 22.06.2019 119 евра 79 евра ПРОМО
22.06 – 29.06.2019 139 евра 109 евра
29.06 – 06.07.2019 159 евра 125 евра
06.07 – 13.07.2019 169 евра 133 евра
13.07 – 20.07.2019 209 евра 165 евра
20.07 – 27.07.2019 209 евра 165 евра
27.07 – 03.08.2019 209 евра 165 евра
03.08 – 10.08.2019 209 евра 165 евра
10.08 – 17.08.2019 209 евра 165 евра
17.08 – 24.08.2019 209 евра 165 евра
24.08– 31.08.2019 209 евра 165 евра
31.08 – 07.09.2019 139 евра 99 евра
07.09 – 14.09.2019 119 евра 79 евра ПРОМО
14.09 – 21.09.2019 119 евра 69 евра ПРОМО
21.09 – 28.09.2019 119 евра 59 евра ПРОМО

Ден 1

ГЛИФАДА

Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

 

Ден 2

ОСТРОВСКА ТУРА

Aко природниот рај има име тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица, место богато со историја, богато со природна убавина и преубави плажи. Ладната и бистра вода се карактеристични за Палеокастрица која е најпопуларна меѓу нуркачите и истражувачите на морскиот свет.

Сидари пак е познато по легендарниот канал на љубовта, местото каде природата создала свои траги што ќе се најдат во сечиј фотоапарат. Фантастичните геолошки формации создадени од морето и сонцето ќе ве остават без здив.

 

Ден 3

ГРАДОТ КРФ

Крф е познат по специфичната архитектура, што е најзабележливо гледајќи го Листон – колонада преполна со кафулиња што се протега по самиот раб на Спинадата (плоштадот), парк со терен за крикет, неколку павиљони како и градското собрание. Неодамна реновираната палата на св. Михаил и Ѓорѓи која била дом на Британскиот гувернер, седиштето на Јонскиот сенат, како и родното место на Војводата од Единбург. Повеќе пати освојуван од разни култури, најмногу европски. Затоа може да кажеме дека овој прекрасен град пред се има шмек на Лондон, Париз и Венеција.

 

Ден 4

КРСТАРЕЊЕ

Излет со брод со вклучен ручек, целодневно шармантно и релаксирано крстарење по североисточниот брег на Крф. Отпловувајќи од Ипсос, денот започнува со забавна музика, уживање во природата и посетување на многу интересни и преубави места: пештера стара 200 години, рибарско гратче Касиопи со 300 години стара тврдина, плажата Лумнопула која во превод значи мало езеро и која има прекрасна зеленкасто тиркизна боја како и попатни интересни информации за островот. Убава можност да се види природната граница на Јонското и Јадранското море која впечатливо е отцртана со зеленкаста боја, плажите на Албанија како и по некој делфин подготвен за фотографирање.

 

Ден 5

АКВА ПАРК

Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.

 

Ден 6

BLUE LAGOON И СИВОТА

Излет со брод со вклучен ручек, целодневно и релаксирано крстарење. Крстарење околу малото пристаниште во селото Сивота и можност за посета на големиот број продавници. Посета на blue lagoon (сината лагуна) со јасно кристална вода, каде е снимен истоимениот филм. Посета на историската морска пештера Papanikolis.
Бавно крстарење околу многу мали живописни островчиња и убава можност за разладување во преубавата тиркизна вода.

 

Ден 7

ПАКСОС, АНТИПАКСОС И СИНИТЕ ПЕШТЕРИ

 

Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос  и релаксирање под топлото сонце.

По Антипаксос, се упатуваме кон главниот остров Паксос. Влегуваме во пристаништето на Gaios (Гаиос) каде се минува низ островите Panagia (Богородица) и Agios Nikolaos (Свети Никола). Прекрасна можност за прошетка низ прекрасните тесни улички како и ручек во еден од традиционалните таверни со поглед на море.

 

КРФ – ИПСОС 

Вила ЈУЛИАНОС

 

Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата.

Вила Јулианос располага со:

  • Студија за 2 лица
  • Апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални)

Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви, ѓезве, тенџере) тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата, 6 евра на ден)

 *** За сите излети организирниот превоз ќе чека кај игралиштето, кое се наоѓа на 50 тина метри од вилата.

 

            

 

АРАНЖМАНОТ ЛЕТО НА КРФ ВКЛУЧУВА:
  • 7 ноќевања, 8 дена на Крф/Ипсос
  • Автобуски превоз Скопје – Крф – Скопје
  • Траект/брод Игуменица – Крф – Игуменица
  • Придружник за време на патувањето и во текот на 8 дена на Крф, организиран престој и дополнителни бенефиции

 

АРАНЖМАНОТ ЛЕТО НА КРФ НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Патничко и здравствено осигурување 250ден.
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, се плаќа на лице место)
  • Организиран излет со превоз на плажата Глифада – 15 евра
  • Превоз и прошетка до градот Крф – 10 евра
  • Еднодневен излет со брод (крстарење по североисточниот брег со вклучен ручек и пијалак) и посета на неколку плажи – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август
  • Еднодневен излет до Палеокастрица и Сидари ( посета на повеќе плажи, туристички атракции и beach барови) – 25 евра
  • Посета на Акваленд со вклучена влезница и превоз – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август
  • Еднодневен излет со брод (крстарење низ неколку мали острови, посета на плажата Blue Lagoon и посета на градчето Сивота) – 30 евра
  • Еднодневен излет со брод (крстарење по југоисточната обала и посета на прекрасните острови Паксос и Антипаксос и посета на сините пештери) – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август

 

НАПОМЕНА:
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена
  • За споен термин, се плаќа редовата цена за првиот термин, а се одземаат 20 евра по лице за превозот од редовната цена на вториот термин (за цените со попуст нема намалување за споен термин)
  • Термините во  табелата се ден на почнување на аранжманот
  • Седиштата се нумерирани
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф (за цените со попуст нема намалувавање за сопствен превоз)
  • Трето лице на дополнителен кревет плаќа 70% од цената (за цените со попуст нема намалување)
  • Користење само на превоз со вклучена траект карта е 70 евра
  • За дете до 2 год. бесплатно, не користи кревет и седиште во автобус
  • За дете од 2 до 11.99 год. на дополнителен кревет се плаќа 50% од цената

 

КРФ КРФ КРФ КРФ КРФ КРФ КРФ     КРФ  КРФ    КРФ