ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ ВО ИСТАНБУЛ!

ПОМИНЕТЕ ГО ВЉУБЕНИОТ ВИКЕНД ВО ИСТАНБУЛ!

(ОД 14.02-17.02)
ПРОМО ЦЕНА: 75 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА: 85 ЕВРА

 

ПРВ ДЕН – 14.02 (Четврток)
Средба на групата на Дрводекор во 16:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 17:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН- 15.02 (Петок)
Планирано пристигнување во раните утрински часови. Во хотел се оставаат куферите (просторија за багаж), патниците одмараат од долгиот пат. По одредената пауза, започнува реализација на програмата која што е предвидена.

  • 10:00h: Првиот ден е предвидено да започне со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
  • 11:30h – Посета на Долмабахче – Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја
  • 13:30h – Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Автобуска екскурзија со која се поминува крај Галата Сарај, преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот. Враќање во хотел, слободно време. Слободно време до 18:30h кога групата се чека пред хотел со лиценциран водич и се упатува кон ноќното крстарење со специјална турска програма.
  • .19:30h – Ноќно крстарење за вљубените по „Босфор“ со традиционална турска програма.

Групата се враќа назад кон хотелот околу 23:00 часот.

 

ТРЕТ ДЕН- 16.02
Третиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментото на хотелот, а тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. По појадокот, групата заминува на пешачка тура која се реализира од џамијата во Лалели, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподоромот до „Аја Софија“. Влегувањето во „Аја Софија“ се доплаќа и влегува во факултативни влезници.

  • 09:30h– Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.
  • 11:30h– Посета на Топ Капи палатата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

По завршувањето со посета на „Топ Капи“ групата се враќа назад во хотел и има слободно време за ручек. Во 17:00h започнува реализација на ново додадената факултатива која преставува вистинско ноќно доживување на Истанбул.

  • 17:00h– Посета на Emaar Square Mall, Watergarden и Плоштадот „Таксим“. (НОВО)
    Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето вљубени во шопингот, забавата и гастрономијата, кое нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници кои што се за првпат достапни во Турција, а одговараат на сечија потреба од современиот урбан млад свет. Гостите може да го користат своето пристуство од шопинг, јадење, пиење до забава. Овој трговски годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости.
    Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено доколку го посетувате навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Со овој трговски ценар, Истанбул е рамо до рамо со луксузните центри во Дубаи.
    Ноќната тура се завршува со посета на плоштадот „Таксим“. се посетува плоштадотТаксим на кој се наоѓа главната улица „Истиклал“ која е симбол за ноќен живот. Овде се наоѓа познатата трамвајна линија и големиот број дискотеки и кафулиња.

Ноќниот разглед завршува на полноќ кога групата се враќа во хотелот.

 

ЧЕТВРТ ДЕН- 17.02
Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. Одјавувањето на рецепција е во 09:30, кога заедно со куферите групата се упатува кон автобусот. Пред да се напушти градот, патниците имаат шанса да ја посетат една од највисоките станбени згради во европскиот дел на градот. Зградата „Сафир“, како и аквариумот „Туркуазу“.

  • 09:30h– Посета на фабриката на слатки задоволства „Коска“. Пред посетата на „Сафир“, агенцијата им нуди можност на сите патници бесплатно да ја посетат познатата турска фабрика на благи производи „Коска“. Во фабриката се задржуваме околу еден час. За време на посетата, се нуди можност за купување на секакви слатки луда по цени коишто се поевтини од пазарните цени. Специфичноста на турското благо заслужува да биде подарено на домашните и на пријателите.
  • 10:45h– По фабриката „Коска„ следно во програмата е кулата „Saphire Seyir Terasi“ со 4D проекција,  Сафир важи за една од највисоките станбени згради. На самиот врв на зградата се наоѓа отворена тераса од која се прават прекрасни фотографии. Воедно во внатрешноста на најгорниот спрат се наоѓа и 4D проекција која преку вирутелен хелихоптер патниците ги води низ цениот град, притоа приредувајќи им вистински адреналин. Патниците коишто нема да се одлучат за 4D проекцијата и искачување на највисокиот спрат од зградата, остануваат на приземјето каде што има продавници за шопинг.
  • 13:00h– Последна дестинација е трговскиот ценар „Форум“ каде се наоѓа петиот по големина аквариум во Европа. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиониевра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

По завршување со посетата на трговскиот центар „Форум“ групата се упатува кон Македонија. Тргнувањето од Истанбул е во договор со водичот. Предвидено е престигнување во Македонија во раните утрински часови на 21.01.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • две ноќевања во хотел 3* во населбата Аксарај со вклучен појадок
  • автобуски превоз со високотуристички автобус
  • туристички придружник за време на целиот престој
  • туристички водич (локален) кој ќе ви го презентира Аксарај
  • Пешачка тура (прв ден) (Хотел- Капали Чаршија- Сината Џамија)
  • Посета на трговски ценар „Форум“

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • патничко осигурување (1 евро од ден) ЗАДОЛЖИТЕЛНО

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

  • Аја Софиа
    Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки)- Цена 15 
  • Топкапи Палата
    Некогашната палата на султаните-Цена 15 
  • Панорамски разглед на Истанбул
    Посета на европскиот и азискиот дел на Истанбул- Цена 15 €
  • Аквариум “Туркуазу” – 12 €
  • 4D проекција и тераса „Сафир“ – 12 €
  • Ноќна програма „Крстарење по Босфор“- Цена (дополнително)
  • 5.Крстарење по Босфор
    90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 
  • Долмабахче
    Турскиот Версај на султанит- Цена 20 €
  • Ноќен Истанбул- Цена 25 €
    Ценар: Emaar Square Mall
    Ценар: Watergarden
    Плоштад Таксим
  • Пакет 1- 70 € (Намалување од 79€)
    Крстарење по Босфор
    Долмабахче
    Дневна панорама до Чамлиџа
    4D проекција и тераса „Сафир“
    Аквариум „Туркуазу“

Leave a Reply