БУДИМПЕШТА

БУДИМПЕШТА (со Виена) 8-ми декември


07.12.2017 – 11.12.2017


РЕДОВНА
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119€ 

1ден 07.12.2017 СКОПЈЕ БУДИМПЕШТА. Состанок со групата во 17:30ч. на Дрво Декор и поаѓање за Будимпешта во18:00ч.Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2ден 08.12.2017БУДИМПЕШТА.Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, мостовите на Дунав… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта препорачуваме крстарење по Дунав под прекрасните будимпештански мостови (факултативно). Можност за индивидуални прошетки или факултативна посета на традиционален ресторан Чарда со традиционални игри и вклучено мени и пијалок. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3ден 09.12.2017 БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – ПАНДОРФ. Појадок. По појадокот, во раните утрински часови факултативно поаѓање за Виена–панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, Градската Палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… индивидуални прошетки низ центарот на европската култура и доживување на пред-Божиќната магија на градот.  *За оние кои остануваат во Будимпешта, денот го поминуваат индивудуално. Поаѓање од Виена во попладневните часови со попатно застанување во Outlet Shopping Center – Parndorf. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.12.2017 БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ. Појадок. По појадокот, напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа во близина на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. По посетата на Сент Андреа, се упатуваме во еден од најголемите шопинг центри – Арена Плаза. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности.

5 ден  11.12.2017 – СКОПЈЕ. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

НАПОМЕНИ:

• За реализација на ова патување потребен е минимумод 45 патници.
• Плаќањето се врши исклучиво во денари по курс 1€ = 62 ден
• За резервација на аранжманот потребна е аконтацијаод 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
• Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

ЦЕНАТА Е ПО ЛИЦЕ И ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високо туристички автобус на дадените дестинации
  • Сметување во хотелсо 3* во Будимпешта – 2 НП (ноќевање + појадок)
  • Професионален туристички пратител за време на целото патување
  • Организација и реализација на аранжманот
 ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Крстарење со брод по Дунав – 15€ – мин. 30 лица за реализација
  • Посета на традиционален ресторан Чарда – 25€
  • Факултативна посета на Виена – 30€ – мин. 30 лица за реализација
  • Посета на Сент Андреа – 10€ – мин. 30 лица за реализација
  • Патничко/здравствено осигурување
  • Индивидуалнитрошоци
  • Влезници во музеите
  • Доплата за еднокреветна соба  2.780денари