НОВА ГОДИНА 2018 – БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА

29.12 – 03.01 – цена на аранжманот 145€

ДЕН 1 – 29.12.17. Собир на групата кај Дрводекор – паркингот наспроти Хотел Холидеј Ин во 17:30 ч. Поаѓање кон Романија во 18:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија.

ДЕН 2 – 30.12.17. Очекувано пристигнување во Романија во утринските часови и директно се упатуваме кон  Трансилванија и посета на замокот БРАН – домот на Дракула. По разгледот на Замокот се упатуваме кон готскиот град БРАШОВ, лоциран во централна Романија. Се нарекува уште и Градот на Саксонците и е еден од најголеми градови во Романија, опколен со јужните Карпати. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат.Во центарот најзабележлива е маркантната поранешна административна зграда Casa Sfatului, плоштадот, како и една од најстарите куќи – Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Посета на Црната Црква, за која се верува дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. Слободно време за прошетка. Потоа заминување во Букурешт, сместување во хотел. Ноќевање.

ДЕН 3  – 31.12.2017. Појадок. По појадокот се упатуваме кон Синаиа и замокот Пелеш, изградена во Нео-ренесансен стил, соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки, канцеларии, статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло, таписерии, кинески порцелан итн. На 3200 м2 се простираат 30 купатила и 170 соби… По разгледот на оваа палата, следува слободено време за ручек во Синаиа и во вечерните часови се враќаме во Букурешт:

  • 17:00- враќање во хотел, слободно време за одмор и подготовка за вечерта.
  • 22:00 WARM UP & FIREWORKS, заминување на еден од плоштадите во Букурешт. Дочек на новата 2018 во Букурешт со огнено шоу.
  • 00:30 AFTER PARTY  забава до утринските часови во локален ноќен клуб (факултатива)
  • 04:30 – превоз назад во хотел. Ноќевање.

ДЕН 4 – 01.01.2018. Појадок и слободно попладне за индивидуални активности. Веднаш до хотелот се наоѓа една од поважните железнички станици, од каде има јавен превоз (Метро и Автобус) кои водат до Чишмигиу градините, Стариот град, плоштадот Унири, трговскиот центар Контрочени итн.

  • 22:00#CITY MADNESS Организирана прошетка во стариот дел на градот популарен по многубројните барови и кафулиња. Ќе посетиме повеќе барови, ноќен клуб, со организиран превоз и придружник – (Факултатива 5€). Ноќевање.

ДЕН 5 – 02.01.2018. Појадок во хотел, напуштање на хотелот и заминување на разглед на Букурешт со водич. Плоштадот на Револуцијата-опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија. Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei – најстарата улица, порано позната како “Големата Улица„ или „Брашов пат“, тука се најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и плоштадот Викторија со своите атракции.

Понатаму, плоштадот Унири и посета на Метрополитската црква – Патријаршијата. Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата област Липскани. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Собирање на групата на договорено место и продолжување кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот, 15 мин. слободно време за фотографирање…

Во 13 часот заминување за Македонија.

ДЕН 6 – 03.01.2018. Очекувано пристигнување во Скопје во раните утринските часови.

Аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз Скопје – Романија – Скопје
  • 3 Ноќевања со појадок во Хотел Анди Букурешт 3***
  • Разглед на градот Букурешт со водич
  • Трансилваниа тура –Посета на замокот Бран со придружник и водич;
  • Посета и разглед на градот Брашов .
  • Синаја тура – Посета на Синаја и замокот Пелеш
  • Туристичка такса
  • Пратител во текот на целото патување
  • Организација на Новогодишна Прослава на плоштад со превоз

Аранжманот не вклучува:

  • Организирана вечерна факултативна посета на стариот дел на градот со превоз и придружник -5€
  • Влезница за замокот Бран –  8€; за студенти  5€
  • Влезница за замокот Пелеш- тура од  1 час и 15мин (приземје и 1 кат) – 13€ ;  за студенти – 3,5€ .
  • Влезница за ноќен клуб за Новогодишната ноќ – 35
  • Патничко осигурување

*Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА, А ПЛАЌАЊЕТО СЕ ВРШИ ВО ДЕНАРИ по курс 1€ = 62ден

КОНТАКТ

Бул. Кочо Рацин, бр.26, 1000, Скопје
Телефон 1: +389(0) 2 3222-550
Телефон 2: +389(0) 2 3233-060
Дежурен тел:+389(0)78 363 928
Е-маил:bookingsaratravel@gmail.com

© Copyright 2017 by Sara Travel - All Rights Reserved