Белград – 30.12.2017 – 01.01.2018

1 Ден 30.12.2017/ Скопје – Белград. Состанок на групата во 03:30 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување кон Белград во 04:00. Патување во раните утрински часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Сместување на патниците во избраното сместување. Слободно време за индивидуални активности.  Во вечерните часови факултативна прва ноќ на журка во некој од белградските локали. Ноќевање.

2 Ден 31.12.2017/ Белград. Факултативен излет – разглед на градот со локален водич. После самиот разглед следи организирана дневна забава. Враќање на патниците во сместувањата и подготовки за Новогодишната ноќ. Факултативен излет – дочек на Новата Година во некој од белградските локали.

3.Ден 01.01.2018/ Белград  – Скопје. Напуштање на собите во 10:00ч и тргнување кон Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цената на аранжманот вклучува:

  • 2 ноќевања во избранотосместување, (Hotel Trim и Hotel Trim 2 со појадок)
  • Автобускипревоз на релација спрема програмата
  • Пратител на групата за време на аранжманот
  • Организациони и други трошоци на агенцијата.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети на дестинацијата
  • Индивидуални трошоци на патникот
  • Туристичка такса 1.5 €

Хотел Трим/Хотел Трим 2 се наоѓа во најубавиот дел на Белград, Кошутњак, во убаво уредениот парк во кој се наоѓаат бројни спортско – рекреативни и угостителски објекти. Оддалечен е на 5 километри од строгиот центар на градот. Во близина на хотелот се наоѓа Ада Циганлија, речниот остров така наречено морето на Белград кој го посетуваат повеќе од 100 000 посетители во текот на летниот период.

Хотел Трим располага со еднокреветни и двокреветни соби и апартман во главната зграда и еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби во хотелскиот депанданс.
Сите соби се опремени со телефон, телевизор, тоалет со туш кабини и посебно изработени кревети чија должина е 2,1m. За гостите е обезбеден и бесплатно wi – fi.
Хотелот има ресторан кој нуди одличен појадок за сите патници.

Good Morning Hostel е лоциран во центарот на градот, на само 5 минути од Српскиот Парламент и на 1.5 километри од автобуската станица. Локациски е погоден за младата популација. Некои од собите имаат сопствено wц. Во близина има голем број на кафичи, ресторани и супермаркет. Содржи различни типови на соби, од осумкреветни, шесткреветни и четворокреветни, зависно од потребата на патниците. Хостелот нуди и безплатно wi – fi.

Hostel Theater 011 е лоциран во Земун, во близина на Нови Београд. Лежи на самиот Земунски плоштад и на 50 метри од самиот хостел е главната автобуска станица која води до центарот на градот, каде што се стига за 15 минути возење. Собите имаат делливо wц, на секој спрат. Во близина има голем број на кафичи, ресторани и супермаркет. Содржи повеќе типови на соби, од осумкреветни, до двокреветни, зависно од потребата на патниците. Хостелот нуди и безплатно wi – fi, голема дневна соба за дружба на младата популација и општа кујна за приготвување.

КОНТАКТ

Бул. Кочо Рацин, бр.26, 1000, Скопје
Телефон 1: +389(0) 2 3222-550
Телефон 2: +389(0) 2 3233-060
Дежурен тел:+389(0)78 363 928
Е-маил:bookingsaratravel@gmail.com

© Copyright 2017 by Sara Travel - All Rights Reserved