CHRISTMAS MARKET” во ПРАГА и ДРЕЗДЕН (8-ми декември)

07.12.2017 – 11.12.2017

Редовна цена на аранжманот: 149€

1 ден: СКОПЈЕ – ПРАГА: Состанок на групата на Дрво Декор, во 14:30ч. Поаѓање за Прага во 15:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден: ПРАГА: Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Панорамски разглед на градот со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник – Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот Кaрло IV, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден: ПРАГА – ДРЕЗДЕН: Појадок. По појадокот, факултативно, предлагаме целодневен излет и посета на божиќниот пазар во Дрезден, каде има големи, вкупно единаесет сосема различни Божиќни пазари, со најразновидна понуда на Божиќни сувенири, печива, топла храна за посетителите, топло вино и разни други напитоци. Божиќните приказни оживуваат во градските театри, во музеите се одржуваат специјални изложби, а по течението на реката Елба пловат мали осветлени чамчиња. Враќање во Прага. Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по реката В’лтавa. Вечерта, предлагаме посета на пивница (факултативно) во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба… Ноќевање.

4 ден : ПРАГА – ВИЕНА: Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT. Слободно време за шопинг. Пристигнувањето во Виена, панорамски разглед на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан... Слободно време во Виена. Потоа, поаѓање кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден : СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

• Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Прага – Скопје

• Разглед на Прага со локален водич
• 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Прага
• Организација и водство на програмата
• Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
• Посета на Виена

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативен излет Дрезден – 30 €
• Крстарење со брод по Влтава – 15 €
• Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма – 30€

• Доплата за еднокреветна соба 1550 ден
• Влезници за музеи и локалитети

• Задолжително патничко здравствено осигурување

*НАПОМЕНИ:

• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 ден
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
• Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

КОНТАКТ

Бул. Кочо Рацин, бр.26, 1000, Скопје
Телефон 1: +389(0) 2 3222-550
Телефон 2: +389(0) 2 3233-060
Дежурен тел:+389(0)78 363 928
Е-маил:bookingsaratravel@gmail.com

© Copyright 2017 by Sara Travel - All Rights Reserved