ДЕСТИНАЦИИ

Buy Cheap Windows 10 products Activation keys 4.8/5 (from 354 reviews) 25.49USD Suppliers: Buy Cheap Windows 10 products Activation key
Friends link: Windows-8.1-Enterprise-genuine-key Windows-8.1-Enterprise-serial-key Windows-8.1-Enterprise-serial-key-2 Windows-8.1-Enterprise-64-bit-cd-key Windows-8.1-Enterprise-64-bit-cd-key-2 Windows-8.1-Enterprise-32-bit-cd-key Windows-8.1-Enterprise-key-online Windows-8.1-Enterprise-key-online-2 Windows-8.1-Enterprise-key-online-3 Win-7-Home-Premium-Product-Key

109€

БУДИМПЕШТА

8-ми МАРТ БУДИМПЕШТА

03.03 – 06.03.2017

цена на аранжманот 109€

 

Будимпешта –  Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции.  Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата “Градот на Бањите“.

ПРОГРАМА:

1-Ден – 03.03 –  Собир на групата во 16:30 часот и тргнување кон Будимпешта преку Република Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2-Ден – 04.03 Пристигнување во утринските часови во Будимпешта. Разглед на градот кој ќе започне од Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали.  Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот се сместуваме во хотел. Вечерта организирано крстарење по реката Дунав . Ноќевање.

3-Ден – 05.03 Појадок. После појадокот се упатуваме кон Зелениот остров Маргарет каде ќе ги посетиме Фонтаната Маргарет, Алфред Хојс-Национален базен, Зоолошка градина, Отворениот театар и Капелата Св. Михаил. По посетата на островот факултативна посета на зоолошка. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта организирана традиционална вечера со танци во национален ресторан Чарда. Ноќевање.

4-Ден – 06.03 Појадок. По појадокот прошетка на градот по познатата улица Ваци. По прошетките посета на шопинг центар Арена и во попладневните часови тргнување за Скопје. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

4-Ден – 07.03. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

Аранжманот вклучува:

  • Организиран превоз на релација Скопје-Будимпешта-Скопје;
  • 2 ноќевања со појадок во Хотел Берлин 3***
  • Разглед на Будимпешта со локален водич;
  • Организација и реализација на патувањето;
  • Туристичка такса;
  • Пратител во текот на патувањето и за време на престојот;

Аранжманот не вклучува:

  • Факултативно крстарење по реката Дунав 15 €;
  • Факултативна вечера со традиционални танци во национален ресторан Чарда 29 €;
  • (Пакет крстарење + Чарда = 36 €)
  • Факултативна посета на зоолошка градина 8 €;
  • Патничко осигурување;

Контакт

Адреса: бул. Кочо Рацин, бр.26, 1000, Скопје
Телефон: +389(0) 2 3233-060; 2/3222-550
Емаил: contact@saratravel.com.mk