ВЕЛИГДЕН НА КРФ

Велигден на Крф

КРФ – ВЕЛИГДЕН 2018

 

  • Дестинација: КРФ, Велигден

Мистично привлечен, спакуван во историски приказни. Обоен од влијанија на најразлични цивилизации, фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е склоп на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима… Но, поважно е да дознаете зошто за Вас, Крф ќе биде идеалното место за прославување на најголемиот христијански празник. Ако за Божиќ велат каде и да си, дома да си, тогаш за Големата ноќ треба да си на Крф.
Местото кое е светски познато по традицијата и церемониите кои го одбележуваат празникот и се одржуваат два дена. Атмосферата е хармонија од обединети обичаи на православната христијанска вера, паганските традиции, венецијанското наследство, многубројните поворки во присуство на филхармониски оркестар и опојниот здив на пролетта.

КРФ – ВЕЛИГДЕН 2018

Термин на патување 05.04-09.04.2018

Цена аранжманот  –  7,378 мкд (119€)

ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 28.02.18 – 6,758 мкд (109€)

 

Аранжман: 4 дена/3 ноќи
Сместување: приватни вили
Превоз: автобус + траект

 

Велигден на Крф

Групата се собира четврток 05.04.2018 на паркингот наспроти хотел Холидеј Инн, во центарот на Скопје. Собир на групата во 19:45 тргнување во 20:15 кон граничниот премин Богородица. Следува ноќно возење со вклучени попатни паузи на секои 3-4 часа. Препорачуваме добар одмор за време на патувањето со цел зачувување на позитивната енергија за утринските часови. Пристигнуваме на пристаништето во Игуменица, од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф.

Петок 06.04.2018 – Велики Петок

Веќе сте се расониле со првото фрапе кога сино бистрите води на јонското море почнуваат пред вас да ја откриваат Керкира (градот Крф) и вашиот поглед најпрво ќе го привлече старата тврдина која го чува градот.

Од пристаништето во Крф, не очекуваат уште само 20 минути пат до нашата крајна дестинација Ипсос, кој на прв поглед ќе ви покаже зошто е врвот на фантастичната атмосфера на островот.

По сместувањето имате време за одмор, јадење и запознавање на околината. Програмата официјално започнува со првата посета на стариот град КРФ. Велики Петок е денот на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди.

Враќање во Ипсос. Ноќевање

Сабота 07.04.2018 – Првото Воскресение

Одморени од долгиот ден и со смирени импресии од првата посета на градот, се подготвуваме за следење на вториот дел, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува утрото. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга приказна пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини.

Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“. Од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање.

Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.

15:00 часот Враќање во Ипсос. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

21:30 часот – Поаѓање кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение.

На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение.

Недела 08.04.2018 – Прв ден Велигден – Палеокастрица

Ако природниот рај има име, тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица – место богато со историја, богато со природна убавина, плажа која од која поубава. По пат кон ова легендарно место ќе направиме една пауза за посета на музеј-фабриката Мавроматис. Фабриката го носи името на семејството кое најдолго се занимава со одгледување и произведување на најразлични производи од овошјето кумкват.

Дрвото кумкват потекнува од Јужна Азија и е толку егзотично што во Европа, успева само на Крф и во Шпанија. При нашата посета овде ќе имате прилика да погледнете краток документарен филм од кој ќе научите малку повеќе за историјата и потеклото на овошјето, неговото преработување и сите производи што произлегуваат од неговата преработка. Најубавиот дел од искуството е секако бесплатната дегустација на ликерите и слатките со разни вкусови по што може да се одлучите за омилениот и да си го купите како карактеристичен сувенир од Крф, кој ќе ве потсетува на доживеаното патување.

При нашиот целодневен излет ќе го посетиме 13 века стариот манастир кој гледа на Палеокастрица од високо и воодушевува со медитерански шарм. Пред влезот на манастирот во панорамата пред нас се гледа и карпата за која се верува дека е бродот на Одисеј. Легендата вели дека во своето патување кон Итака застанал и на Палеокастрица каде топло бил пречекан од Кралот на Феичаните и неговата ќерка. Во манастирот Дева Марија, покрај прекрасната архитектура и глетки може да го посетите и византискиот музеј, со експонати од манастирот пред неговата обнова, како и малиот музеј за производство на маслиново масло.

Ќе си направиме и уникатни панорамски слики од местото кое не може поубаво да се опише освен со зборовите Bela Vista, каде небото и водата се спојуваат. Mожност за традиционална прослава со ручек во грчка таверна. Слободно време за одмор. Забава во еден од најатрактивните ноќни барови во Ипсос. Олеа со својот уникатен декор и маркантното маслиново дрво во центарот на подиумот веднаш ќе ви го привлече вниманието и ќе ве освои со атмосферата.

Ноќевање.

Понеделник 09.04.2018 Втор ден Велигден – Палатата Ахилеон

Последниот ден на островот го резервираме за посета на палатата Ахилеон. Напуштање на собите во Ипсос до 10:00 ч. по што се упатуваме кон селото Гастури каде се наоѓа оваа палата. Оваа палата е изградена од Австро-унгарската императорка, Елизабета позната како принцезата Сиси. Оваа палата била користена како нејзина летна резиденција се до нејзината трагична смрт. По нејзината смрт останала напуштена до 1907 год, кога ја купува Кајзер Вилхем 2 од Германија.

Во денешно време е музеј со прекрасна градина, скулптури, фрески и други уметнички дела. Тие ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот со доволно приказни што ќе ни останат во сеќавање долго и по пристигнувањето дома. Во меморијата сигурно ќе ви се вреже и приказната за животот на императорката која откако ги губи своите деца станува опседната со одржување на својата младост, фигура и убавина и за таа цел преземала драстични мерки. Патувајќи сама и барајќи го својот мир, наоѓа восхитување во грчката митологија, култура и јазик. Токму затоа во архитектурниот стил на палатата како главна тема се провлекува јунакот Ахил. Токму затоа и самата палата го добива неговото име.

Посетата на Палата е факултативна, кој не сака ова време го користи за прошетка низ градот Крф.

15:00 – Го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје.

Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

 

Aранжманот КРФ – ВЕЛИГДЕН 2018 вклучува

  • Автобуски превоз Скопје- Игуменица- Скопје
  • Превоз со траект Игуменица – Крф – Игуменица
  • Сместување во приватни вили 3ноќи/4дена
  • Три организирани посети на градот Крф, со превоз со цел следење на процесијата и прославата за Христовото воскресение
  • Професионален придружник од агенцијата за време на целото патување и сите активности
  • Организирана вечерна забава во Ипсос

Aранжманот КРФ – ВЕЛИГДЕН 2018 не вклучува:

  • Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис ( 10 евра)
  • Патничко осигурување – 185 ден.
  • Празничен ручек во традиционална таверна
  • Организиран превоз и влезница во Палатата Ахилион, Палатата на Сиси 10 евра

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Сара Травел и СКТМ

 

КОНТАКТ

Бул. Кочо Рацин, бр.26, 1000, Скопје
Телефон 1: +389(0) 2 3222-550
Телефон 2: +389(0) 2 3233-060
Дежурен тел:+389(0)78 363 928
Е-маил:bookingsaratravel@gmail.com

© Copyright 2017 by Sara Travel - All Rights Reserved